Филипче: „Први сме во регионот“ само во поскапувања и пад на стандардот

Од:

Владата не прави ништо, го запре процесот на зголемување на платите, не прифаќа никакви предлози кои се во интерес на граѓаните за да се намалат цените и сметките за струја, граѓаните страдаат од нивната неспособност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во Крива Паланка.

„Излегува премиерот и вели дека сме одлични во економијата, први сме. Одлични и први сме во што? Во тоа што струјата поскапе за 30%? Во тоа што цените во маркетите растат неконтролирано?“ – праша Филипче.

Тој потенцираше дека Владата не прави ништо за да ја спречи економската нестабилност.

„Во една тешка економска ситуација, треба да растат платите, да има контрола на цените, да има поддршка за компаниите, да се спасуваат работни места. Но, оваа Влада ништо не прави. Немаат желба да седнат ниту на економско-социјален совет, ниту да примат било каков совет за да направат нешто во интерес на граѓаните“ – нагласи Филипче.

Неспособноста на владејачката гарнитура е очигледна а граѓаните страдаат поради таа неспособност.

„Ниту премиерот, ниту некој од министрите, ниту било кој од неговиот најблизок тим има искуство во менаџирање на големи системи. Ништо никогаш не менаџирале. Сега се учат, ама лошо се учат и тешко дека ќе се научат“ – заклучи Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он