(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Од:

Грчката полиција употреби солзавец кон демонстрантите кои фрлаа молотови коктели по протестот по повод годишнината од најтешката железничка несреќа во земјата.

Десетици илјади демонстранти се собраа во петокот во центарот на Атина за да побараат правда две години по смртоносната несреќа.

„Вие броите профит. Ние броиме животи“, скандираа демонстрантите, а некои носеа црни балони и антивладини транспаренти.

Грчките медиуми јавуваат дека судири имало во Атина, но и во Солун, каде демонстрантите се судриле со полицијата.

За потсетување, денеска во Грција почна 24-часовен штрајк на вработените во транспортот, бизнисот и училиштата, а се очекуваат масовни протести ширум земјата на втората годишнина од железничката несреќа во Темпи во која загинаа 57 лица.

Сите меѓународни и домашни летови беа суспендирани бидејќи контролорите на летање им се придружија на морнарите, машиновозачите, лекарите, адвокатите и наставниците во 24-часовниот генерален штрајк за да им оддадат почит на жртвите од несреќата.

Комапниите се затворија, театрите ги откажаа претставите, а илјадници луѓе излегоа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, како и во други градови, под строг полициски надзор.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград

Студентите од големиот протест во Белград ги повикаа граѓаните да не се откажуваат од борбата за промени

Предраг Петровиќ