Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи Филип Андов-Сокол, од затворот Шутка направил хотел

Од:

СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат. Филип Андов Сокол кој е член на ЦО на СДС на Венко Филипче, поранешен советник на Заев и директор на Ковачевски е доказ дека во СДС ништо не е сменето, туку на функции се криминалци, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Филип Андов Сокол како директор на затворот Шутка овозможил криминалци кои се во притвор за сериозни кривични дела да го напуштаат затворот и по 8 до 10 часа на ден. Криминалците кои Филип Андов Сокол ги пуштал во ниту еден случај не смееле да го напуштат притворскиот затвор. Овие криминалци биле изнесувани од затворот од страна на униформирани лица кои тајно ги транспортирале до местото до кое тие сакале, со службени возила и службени ресурси. Со Филип Андов Сокол државата буквално работела за криминалци. Доколку СДС не излезе јавно да се извини, да го разреши Сокол и да го осуди ќе покажат дека ништо не смениле, ниту имаат сила да сменат – нагласи Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски