ВМРО-ДПМНЕ: Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери

Од:

Криминалот на кадрите на СДС и ДУИ метастазирал во сите гранки на општественото делување. Криминалот на СДС е синоним за нивното владеење како и причина за 2 проценти доверба во правосудството и недоверба во институциите на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно на површина излегуваат криминалите за време на владеењето на функционерите од СДС. Индиции и докази за криминалот и злоупотребите од страна на функционерите за време на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ се пред очиглед на јавноста. Во текот на вчерашниот ден беше приведен Филип Андов -Сокол член на ЦО на СДСМ и ексдиректор на Истражниот затвор Скопје и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, кои се главни осомничени.

Ексдиректорот Филип Андов- Сокол претходно му беше советник на експремиерот Зоран Заев за креирање политики за граѓаните на Град Скопје. Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса. Нема повеќе „како до сега“, нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ. Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одлучна, неселективна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во општеството“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: За мене завршена е темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Горан Наумовски

Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи Филип Андов-Сокол, од затворот Шутка направил хотел

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славјанка Петровска од СДС да глуми жртва

А1он