Македонија има негативен природен прираст

Од:

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4,2 отсто и изнесува 3.968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1.0 % и изнесува 5.174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1.206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14.7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови.

Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23.9 % во споредба со истиот период од 2023 година.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Негативен природен прираст во третиот квартал од годинава

Горан Наумовски

Природниот прираст во негатива од 711 лица во вториот квартал

Природниот прираст негативен, бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто

А1он

Во третиот квартал природниот прираст негативен, починати се 23 доенчиња

Катерина Ѓуровски