Седумнаесет држави, вклучително САД, Франција и Австралија, изразија согласност да примат бегалци од Сирија, соопшти денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации.
– Засега имаме 17 земји кои ќе учествуваат во нашата програма во Сирија, изјави регионалниот претставник на УНХЦР Петер Кеслер.
Најмалку два милиони Сиријци се регистрирани како бегалци, а милиони се интерно раселени.
Засега сириските соседни земји Либан, Турција, Јордан и Ирак, обезбедија засолниште за најголем дел од бегалците. Особен проблем претставува Либан, каде официјално има 760.000 сириски бегалци, додека нивниот вистински број може да изнесува и еден милиони, што е значителен број за земја со вкупно четири милиони жители.