Запленети над 85 килограми марихуана

Од:

Над 85 килограми марихуана запленила полицијата вчера при контрола на патничко моторно возило „Ауди А4“ со охридски регистерски таблици, кое излетало од патот во близина на селото Ботун.

Полицијата во обид да го запре и провери возилото на излез од Охрид, управувано од 34-годишен жител на струшко Велешта, кој, како што информира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, не се придржувал на наредбите на полицијата.

– Некаде кај Ботун возилото излетало од патот при што е приведен возачот каде е откриено дека се транспортира поголема количина на наркотична дрога марихуана, односно 85 килограми 870 грама. Марихуаната е пакувана во пакувања облепени со селотејп-лента, а била запакувана во една вреќа и во една патна торба, во полиетиленски пакувања, изјави Јанкулоска.

Дрогата се проценува од 100 до 250 илјади евра во зависност од начинот на кој се продава.

Според првичните сознанија на полицијата, се работи за марихуана која доаѓа од другата страна на албанската граница.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски