Чачарова-Илиевска: Најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет

Од:

Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност да поднесам оставка, изјави денеска Тања Чачарова Илиевска, која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерпелации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Во интерпелацијата, како што оцени Чачарова Илиевска, нема индивидуализирано кои дејствија и кои постапки како член поединец на Судскиот совет ги преземала несовесно и незаконито, а кои би можеле да и се стават на товар заради работата на Судскиот совет.

На новинарски прашања, Чачаровска Илиевска посочи дека дала одговор на наводите на интерпелацијата која, рече дека повеќе упатува како интерпелација за Судскиот совет како колективно тело бидејќи нема индивидуализација на конкретната работа на поедини членови кон кои е поднесена интерпелацијата.

– Тоа е дискриминаторски однос кон членовите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на членовите на Советот. Наведов дека е дискутабилна можноста, правото на Собранието за поднесување на интерпелација на член на Судски совет, имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции. Во членот 69 од Уставот каде што се наредени надлежностите на законодавната власт има една одредба во која е наведено кој на кого може да му врши контрола Собранието преку интерпелација, преку механизмот интерпелација. И таму стојат носители на јавни функции коишто се одговорни пред Собранието, Владата, и секој поединечно на Владата, но не и носителите на јавни функции од судството така што, сметам дека ова е преседан во досегашната парламентарна историја на Република Северна Македонија што можеби има далекусежни последици, изјави Чачарова Илиевска.

Тоа, смета таа, може да доведе до чудни и нелогични неуставни појави во иднина. Може, како што рече, да се случи некој да поднесе интерпелација на судиите во Уставниот суд, затоа што Собранието ги има избрано, а и тие се носители на јавни функции, како и на сите судии и обвинителите, што, според неа, е недозволиво и претставува упад на законодавната во судската власт.

– Треба многу внимателно да се пристапи кон ова прашање и да се сфати дека интерпелацијата е механизам за политичка контрола заради утврдување на политичка одговорност кон носители на јавни функции но, кои се одговорни за својата работа пред Собранието. Кога сме кај ова и поврзувањето од страна на законодавната власт на фактот што не е усвоен Извештајот за работа на Судскиот совет за 2023 година, служи како основа за поднесување на интерпелацијата. Сметам дека е апсолутно незаконски неуставно и недопуштено во конкретниот случај, бидејќи ако го читаме Законот за судскиот совет во духот на законот, членот 100, во кој се дава можности да се отвори расправа во случај на неусвојување на извештај за годишен извештај за работа на Судскиот совет, впрочем упатува на зајакнување на соработката помеѓу судската власт и законодавната власт, во однос на решавање на проблемите кои се утврдени во извештајот на Судскиот совет во судството заради нивно заедничко надминување. Стојам на ставот дека законодавната, извршната и сдуската власт мора да соработуваат кога станува збор за разрешување на одредени проблеми во судството, бидејќи на тоа упатуваат и препораките на Оценската мисија. И самите препораки се упатени до сите три власти заради суштински реформи во судството. Со интерпелацијата кон поединечни членови не се вршат никакви суштински реформи во судството, бидејќи персоналната измена не може да се третира за суштинска реформа, смета Чачарова Илиевска.

Членот на Сускиот совет Милазим Мустафа, за кој исто така е поднесена интерпелација, се надева на позитивен исход по одговорите што ги навеле.

– Се произнесоваме по сите основи што беа наведени во интерпелацијата и се надеваме дека по надминување и исцрпување на процедурите во Собранието ќе се донесе позитивен исход по однос на нашите одговори коишто беа наведени, изјави Мустафа.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ на 7 февруари до Собранието поднесоа поединечни интерпелации за членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Согласно роковите, очекувањата се дека седницата на која ќе се расправа за интерпелациите би имало до или на почетокот на март.

Би можело да ве интересира

Судски совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов согласно законот, нема пристрасност кај судијката Даниела Алексовска Стојановска

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он