Њујоршката опера оди во стечај

Од:

По неуспешната кампања за собирање финансиски средства, њујоршката оперска куќа „Њујорк сити опера“ ја откажа тековната сезона и поднесе барање за стечај.

По финансиските тешкотии со кои во последно време се соочуваше операта, како и неуспешниот обид за собирање седум милиони долари потребни за продолжување на работењето, управниот одбор на куќата донесе одлука за затворање, по 70 години работа на оваа музичка институција.

Управата соопшти дека „не е постигната целта“ и оти се покренати неопходни финансиски и оперативни чекори кои се насочени на затворање на институцијата.

„Њујорк сити опера“ е основана во 1943 година со примарна цел операта да ја направи достапна за што пошироката публика по разумни цени.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак