Бекам без двоумење: Меси е најдобриот играч на сите времиња

Од:

Легендарниот Дејвид Бекам уште еднаш покажа колку го почитува Лионел Меси.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, кој сега е сопственик на Интер Мајами, изјави дека аргентинската фудбалска икона е најдобриот играч на сите времиња.

Оваа изјава ја даде за време на разговор на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон, а неговиот став предизвика големо внимание во фудбалскиот свет.

Бекам немаше дилеми кога зборуваше за Меси, посочувајќи дека не постои играч кој може да му парира.

– Лео е најдобриот играч на светот на сите времиња – рече популарниот Англичанец.

Освен за Меси, Бекам зборуваше и за актуелните фудбалски случувања. Тој предвиде дека Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, но се осврна и на проблемите на Манчестер Сити.

Тој особено го пофали Пеп Гвардиола, посочувајќи дека флуктуациите во формата се нормална работа во фудбалот.

– Пеп е еден од најдобрите тренери во светот. Секој голем клуб поминува низ периоди на транзиција, особено кога има промени во составот. Понекогаш е потребно време за тимот да се стабилизира – рече тој.

Би можело да ве интересира

Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

А1он

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он