Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта не сака огромно количество оружје во нејзиното соседство, поточно во Украина.

„Во последните три години, стотици милијарди евра се инвестирани во испраќање оружје во Украина, чија судбина е неизвесна. Не сакаме да живееме со ризикот дека огромни количини оружје се акумулираат во нашето непосредно соседство без контрола“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој додаде дека поради ова Унгарија очекува акција од ОН.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Орбан: Во следните 100 години Унгарија нема да одобри членство на Украина во ЕУ

Орбан: Брисел го прифати секое украинско барање, но ние нема да плаќаме

Горан Наумовски

Унгарија му сврте грб на Брисел: „Не сметајте на нас“

Орбан: Eвропската одбранбена политика е во рацете на „германска тројка“

(ВИДЕО) Орбан предупредува: Падот на Украина е закана за Унгарија