Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Од:

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо денеска изјави дека руската војна против Украина претставува „војна против нашиот начин на живот, војна против демократијата, против владеењето на правото и самоопределувањето, војна против правдата, војна против вистината“.

Зборувајќи во Киев на третата годишнина од почетокот на војната, Трудо ги осуди, како што ги нарече, „гнасните воени злосторства“ на Русија, пишува „Гардијан“.

„Украинците ги загубија животите борејќи се храбро за својата земја, децата (беа) одземени од нивните семејства, домови и заедници, што е грозоморно воено злосторство“, рече тој.

Трудо додаде дека воените заробеници биле изложени на насилство од страна на руските војници.

„Украинците ќе триумфираат затоа што Украинците се борат за она што е правилно, но тие не можат и не треба сами да го направат тоа“, рече Трудо.

Би можело да ве интересира

Велика Британија, Германија и Франција поддржуваат директни разговори меѓу Путин и Зеленски

Најмалку четири лица загинаа во напад во регионот на Киев

Свириденко: ЕУ го одобри првиот чекор во преговорите за пристапување со Украина и Молдавија

Кремљ: „Зеленски, дојди во Москва“

Рјабков: Русија не исклучува дипломатско решение за Украина

Вагенкнехт: Германија затвора очи пред нацистичкиот култ во Украина