ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера

Од:

На денешен ден пред точно три години започна сеопфатната руска инвазија на Украина. Руските сили, под наредба на Владимир Путин, започнаа сеопфатен напад врз Украина со цел да ја преземат контролата врз територијата, предизвикувајќи го најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.

Инвазијата резултираше со десетици илјади жртви, масовно уништување на инфраструктурата и раселување на милиони луѓе. Украина и денес се спротивставува на руската агресија, три години по тој ден, и се стреми да ја зачува својата независност и територијален интегритет.

Потсетуваме на хронологијата од тој ден со придружната снимка, која на X ја објави Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

Се почна со говорот на Владимир Путин во кој тој го најави почетокот на т.н „специјални воени операции“.

Во 5:00 часот, руските сили ја нападнаа државната граница на Украина од правец на Русија и Белорусија, во границите на регионите Луганск, Суми, Харков, Чернихив и Житомир. Покрај тоа, напад имаше и од правец на окупираниот Крим. Ракети погодија десетици градови.

Во 6:11 часот, претседателот Зеленски го свика Советот за национална безбедност и одбрана (NSDC), кој прогласи вонредна состојба.

Во 6:46, Зеленски им се обрати на Украинците: “Не паничете! Ние сме силни, подготвени сме на се. Ќе победиме се. Затоа што ние сме Украина. Слава на Украина!”

Веќе во 7:53 се појавија информации дека се соборени 5 авиони и 1 хеликоптер на Вооружените сили на Руската Федерација. Пристигнаа и првите вести за жртви меѓу војниците и цивилите.

Во 10:40 часот, две „неидентификувани цели“ им се заканија на украинските граничари на Змискиот остров во Црното Море.

Во 12:40 часот стана јасно дека руските специјални сили биле пренесени во воздух до аеродромот во Хостомел во близина на Киев.

Во 13 часот руска оклопна колона го започна својот пробив кон Киев.

Во 13 часот, министерот за одбрана Олексеј Резников изјави: „Сите што се подготвени да земат оружје, приклучете се на Територијалната одбрана. Ние им даваме оружје на сите патриоти кои се подготвени да го употребат против непријателот без двоумење!“

Во 15 часот, портпаролот на Кремљ Песков изјави дека Путин е „подготвен за преговори“ доколку Украина ги прифати неговите услови.

Во 16:00 часот руските сили напредуваа во регионот Суми и влегоа во зоната на Чернобил.

По 17:30 часот, во близина на Чернихив се предаде извиднички вод на 74-та моторизирана бригада на вооружените сили на Руската Федерација.

Во текот на првиот ден од инвазијата загинаа 57 лица, а 169 беа ранети.

Околу 18 часот Зеленски им се обрати на светските лидери: „Ако не ни помогнете денес, утре војната ќе затропа на вашите врати“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Кој повеќе и помогнал на Украина, САД или Европа – што покажуваат бројките

Катерина Ѓуровски

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар