Полицијата во Рио де Жанеиро употреби солзавец за да растера група од околу стотина наставници кои бараат зголемување на платите, а за време на протестите се приведени 17 лица.
Демонстрантите доцна синоќа ги блокираа улиците, при што беа затворени седум метро-станици.
На протестите се приклучија и приврзаници на анархистички групи „Црн блок“. Тие ги искршија стаклата на банките, ги кршеа автобуските станици и семафори и палеа смет.
Полицијата освен солзацец користела и „бибер“ спреј и привела 17 лица, меѓу кои нема наставници.
Поголем дел од наставниците во Бразил заработуваат 11 долари по час.