Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Од:

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај, ЕВН продолжува да испорачува неточни, често енормно зголемени сметки за електрична енергија, претворајќи го снабдувањето со струја во легализирана кражба! Наместо корекција на грешките и заштита на граѓаните, Владата и покрај измисленото Министерство за енергетика, останува глува и немо набљудува како народот ја плаќа оваа неправда. Не преземањето чекори за спротивставување на оваа кражба, партиите на власт ги прави соучесници во процесот, велат од Левица.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) призна дека има масовни грешки во сметките, но тоа не е доволно! Каде е казната за ЕВН? Каде е одговорноста за изиграниот народ? Наместо ефикасен надзор и заштита, власта дозволува монополската компанија без последици да ги извлекува последните денари од џебовите на граѓаните. Наместо конкретен план и програма за надминување на оваа состојба, министерката за енергетика се слика за лична промоција со финансиерите на нејзината партија.

Дополнително, срамно е што им се препорачува на граѓаните сами да ги отчитуваат броилата за да избегнат кражба! Тоа е признание дека системот не функционира, додека на ЕВН намерно му се дозволува да прави манипулации! Народот не смее да биде принуден да се брани сам од организираниот грабеж, државата е таа што треба да го заштити!

Левица бара итни мерки:

– Строга контрола и казни за ЕВН за секоја грешка во сметките;
– Автоматски поврат на неправедно наплатените средства со камата;
– Одземање на лиценцата на ЕВН ако продолжи со системското поткрадување;
– Политичка одговорност за институциите што го штитат овој енергетски рекет;
– Веднаш да се постави еталон за броилата за потрошена електрична енергија во Бирото за метрологија, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он

Левица со Предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство

Мециновиќ: Влада фокусирана на олигархијата, глува за сиромаштијата