Трамп: Можна е средба со Путин овој месец

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека овој месец би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп ја отфрли загриженоста на Украина дека ќе биде изоставена од американско-руските разговори во Саудиска Арабија за ставање крај на војната во Украина.

„Веројатно“, рече Трамп на крајот од прес-конференцијата во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич, на прашањето дали сепак очекува да се сретне со Путин пред крајот на месецот.

На брифирањето на новинарите за американско-руските разговори одржани во Ријад, државниот секретар Марко Рубио рече дека двете страни не одредиле датум за самит Трамп-Путин на кој ќе разговараат за Украина.

Трамп зборуваше за прв пат откако американската делегација воспостави дијалог со Русија за Украина за време на разговорите во Ријад кои се одржаа вчера.

Трамп ја отфрли загриженоста на Украина за изоставувањето на состанокот, велејќи дека Киев можел да склучи договор со Русија пред три години за да ја спречи инвазијата на Москва.

Би можело да ве интересира

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Трамп: САД не преговараат со Иран

ВИДЕО: „Замолчи, замолчи, безборазна“, Трамп збесна и и се развика на новинарка на настан во Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Трамп: Ги намалуваме вежбите со Сеул, испраќаме лош сигнал до Ким Џонг Ун