Тренчевска: Власта да прифати намалување на ДДВ-то за струја на пет отсто и укинување на ДДВ за храна

Од:

Пратеничката Јованка Тренческа од СДСМ денеска на прес-конференција повторно го повика владејачкото мнозинство да ги прифатат нивните законски решенија за намалување на ДДВ-то за струја на пет отсто и укинување на ДДВ за храна.

Според неа, само така веднаш ќе им се помогне на граѓаните кои, како што вели, едвај врзуваат крај со крај и живеат се потешко.

– Животот во Македонија станува сè поскап, граѓаните имаат сè помалку пари и тешко ги задоволуваат основните потреби. Статистика измери дека индексот на трошоците на животот се пораснати за 4.9 отсто, цените на мало вртоглаво растат додека сметките за струја се зголемија од 20 отсто до 30 отсто, а за парно за 5 отсто. Политиките со таканаречени „кошнички“ на владата доживеаја тотален дебакл, наместо се намалат цените на производите и на храната се зголемија, рече Тренческа.

Обвини дека политиката на Владата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ води кон економска криза и неизвесност.

– Владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема никакви мерки. Тоа мора веднаш да се промени, рече пратеничката на СДСМ.

Со решенијата на СДСМ, како што истакна, придобвките за граѓаните се директни и веднаш ќе ги почувствуваат:

-Струјата ќе поевтини за 13 отсто – граѓаните ќе заштедат околу 400 денари на сметка од 3.000 денари. Над 600.000 домаќинства веднаш ќе имаат драстично намалени сметки за струја. Над 250 категории прехранбени производи ќе поевтинат за 5 отсто. Тоа носи директна заштеда од 2.000 денари месечно или 24.000 денари годишно, рече Тренческа на прес-конференцијата во седиштето на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ