Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите

Од:

Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески попладнево на прес-конференција рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ денеска покажале дека се против решавање на статусот на бранителите.

Ова негова изјава следува откако беше одбиен неговиот предлог на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања да се стави разгледувањето на прашања во врска со спроведувањето на Деловникот на Собранието од страна на претседателот на Собранието во врска со примената на член 126 став 3 и давање на мислење за разрешување на спорните прашања во врска со т.н. закон за бранители и неговото не ставање на дневен ред на Комисијата за труд.

– Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денес го покажаа вистинското лице. Денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа „против“ на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието Африм Гаши да закаже седница за да се реши статусот на бранителите. Само пред неколку месеци како тогашна опозиција блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители. Еве ги сликите кои што ги покажуваа тогаш на јавноста кога поднесуваа амандмани со кои се блокираа закони се додека не се донесе Законот за бранители. Денес тие исти пратеници кои тогаш носењето на други закони пред носењето на Законот за бранители го нарекуваа политичка шизофренија, денес тие истите го блокираат Законот за решавање на статусот на бранителите – рече Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати