Зеленски: Најмалку 46.000 украински војници загинаа од почетокот на инвазијата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 46.000 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, додека десетици илјади се исчезнати или се во заробеништво.

Тој изјави за NBC News дека исчезнатите може да бидат или мртви или фатени.

Пред десет дена, на 6 февруари, Зеленски изјави дека 45.100 украински војници биле убиени, а околу 390.000 биле ранети. Воените аналитичари во Украина и на Запад веруваат дека реалните бројки се значително повисоки.

Зеленски изјави и дека 19.500 украински деца се депортирани во Русија.

Русија не ги објавува сопствените жртви, но британското воено разузнавање во декември процени дека Русија во просек трпи 1.523 убиени и ранети војници дневно.

Зеленски тврди дека до 350.000 руски војници се убиени, додека други извори сугерираат дека бројот може да биде поголем.

Би можело да ве интересира

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Пресметката меѓу Зеленски и Кличко влезе во својата последна фаза

Естонија испрати писмо до ЕУ: „Ги има милион, ќе бидат вооружени, ќе бидат испратени во Европа“

Судот во Полска осуди руски агент кој сакаше да го убие Зеленски

Епстајн заговараше државен удар во Украина

Горан Наумовски