Лу: Се користат последните инструменти, за да не се достигне најгорната граница на долгот

Од:

Американскиот министер за финансии Џејкоб Лу веќе почна да ги користи сите мерки за вонредни состојби со кои располага, за да се избегне достигнувањето на најгорната граница на долгот.

Во писмо до лидери во Конгресот од синоќа, Лу истакна дека започнал да ги користи последните три инструменти, за да обезбеди дополнително место за земање заеми за плаќање сметки на земјата.

Според него, нема други „законски и разумни“ можности за проширување на правото за зголемување на долгот.

Лу го извести Конгресот на 25 септември, дека мерките за вонредни ситуации ќе бидат исцрпени не подоцна од 17 октомври и оти до тој датум Владата ќе располага со околу 30 милијарди евра готовина.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак