НАТО одржува воени вежби за периодот по Авганистан

Од:

Дванаесет од 28 членки на НАТО учествуваат во маневрите „Брилијант маринер 13“, најамбициозниот проект на Алијансата по море во изминатите седум години.

НАТО набрзо ќе се повлече од Авганистан и фокусот ќе го помести кон Европа, каде се почесто се организираат воени маневри, особено во Средоземното Море.

Од 25 септември до 6 октомври во Тиренското Море – јужно од Сардинија, во опширна отцепена зона се симулираат кризни ситуации, класични морски судири, воздушни напади, терористички напади, спасувачка мисија.

Во вежбите учествуваат 23 бродови и 5.000 воени морнари.

Маневрите од ваков тип ќе бидат приоритет во наредните години, посочува американскиот генерал Филип Бридлив, командант на сојузничките сили во Европа.

Во моментов Алијансата има 100.000 војници во Авганистан, Косово, Турција (за заштита од евентуални сириски ракети) и во Индискиот Океан (за борба против пиратството), додаде Бридлив.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море