Малолетник од Косово со „Ауди“ удри двајца тинејџери на улица во Скопје

Од:

17-годишник од Косово со „ауди“ на крстосницата на улиците „Дринска“ и „Галичица“ во Скопје удри двајца пешаци по што 18-годишник е со потешки повреди. Другата повредена е 17-годишна девојка.

– На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираше МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок