46-годишен струмичанац загина во судар со украински камион

Од:

46-годишен струмичанец го загуби животот во сообраќајна несреќа во која со неговиот автомобил се судрил со украински камион кој го управувал украински државјанин. Починал на местото на несреќата.

– На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, информираше МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците