„Колона од автобуси на влезот во Сремска Митровица е долг 12 километри, очекуваме 120.000 луѓе. А вие момци и девојки седите, срам ми е да седам додека стоите“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој патува со воз кон градот каде ќе се одбележува државниот празник Сретење.
Тој вели дека во Крагуевац во својот пик имало 16.000 луѓе и додаде дека секогаш сакаат да се собираат таму каде што актуелната власт направила нешто.
„Кај Славија, кај Икеа, во близина на реновираната Палата на правдата, во Белград на вода… Сè е обратно. Кога зборуваат за институции, тогаш уништуваат институции. Создаваат некое тело од 17 луѓе, веројатно како Г17, и тоа тело треба да пресудува. Не сакаат да преговараат со нас. Денеска претепаа двајца луѓе, еден во Нови Сад, еден во Краљево“, изјави Вучиќ.
Тие изгубија, само уште не знаат дека имаат изгубено, за мене бројките се факти, гледам како оди, ние ќе имаме дуплно повеќе од Јагодина, а притоа никого не носиме од Јужна Србија, рече Вучиќ.