Нетанјаху: Иранскиот претседател е „волк во јагнешка кожа“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху ги предупреди ОН и меѓународната заедница околу соработката со властите во Техеран,опишувајќи го иранскиот претседател Хасан Рохани како „волк во јагнешка кожа“.

Во своето излагање во Генералното собрание на ОН,Нетанијаху рече дека Израел нема да дозволи Иран да произведе нуклеарно оружје,дури и ако остане сосема сам околу ова прашање.

Според изрелскиот премиер,иднината на неговата земја зависи од Иран, вооружен со нуклеарно оружје и побара од другите земји да ги задржат санкциите против властите во Техеран.

Нетанијаху го обвини иранскиот претседател дека има иста цел како и неговиот претходник, Махмуд Ахмединеџад за кого рече дека бил „волк во волчја кожа„ додека Рохани сега настојува со својот настап „да го заблуди светот“ за да му поверува во она што го зборува.

Иранскиот претседател во својот говор во ОН ги отфрли обвинувањата на Западот дека иранската нуклеарна програма има за цел произвдство на нуклеарно оружје. Израелскиот премиер,меѓутоа,во својот настап пред делегатите на Генералното собрание,рече дека би сакал да му верува на Рохани,но дека не може.

Официјлен Техеран ги отфрли тврдењата на Нетанијаху и го обвини израелскиот премиер за „исклучително запалив“ настап.

Остриот говор на израелскиот премиер доаѓа по првиот телефонски разговор меѓу еден американски претеседател и ирански лидер,по 1979 година,откако претседателот Барак Обама му се јави на иранскиот претседател Хасан Рохани.

Нетанијаху во понеделникот,се сретна и разговараше во Белата куќа со американскиот претседател.Во разговорот Обама му потврдил на израелскиот премиер дека кога станува збор за иранската нуклеарна програма,воената опција и натаму останува на масата.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија