Мицкоски се сретна со Кошта: Македонија да не биде заложник на билатерални спорови и препреки

Од:

Премиерот Мицкоски во Минхен се сретна со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.На средбата се разговарало за европските интеграции, за напорите и отстапките кои беа направени на тој план, како и за потребата конечно да се отворат вратите на ЕУ, соопштија од Владата.

Мицкоски посочил дека земјава заслужува да оди напред и конечно да не биде заложник на билатерални спорови и препреки, какви имаше и во минатото многу.

„На тој план Македонија направи многу и Европската Унија мора да покаже подготвеност тоа да го вреднува на вистинскиот начин, а тоа е преку динамизирање на процесот на преговори со Европската Унија“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека Владата е силно посветена на судските реформи, испорачување на правдата и борба против организираниот криминал за што е потребна поддршка и мобилизација на сите општествени чинители.

Мицкоски посочи дека првенствена цел е борба за стандардот на граѓаните и подобар живот, што ќе се постигне преку иновации, инвестиции и силно образование.

Инаку средбата се одржува на маргините на Михенската безбедносна конференција каде се собираат политички лидери од светот и каде ќе се дискутира за важни европски и светски предизвици. Свое обраќање ќе има и македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски

Мицкоски: Обновената музејска поставка во Археолошкиот музеј е потврда дека земјава има длабоки корени и јасна визија за иднината

Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид е силен доказ дека Македонија

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски го искара Касами: Да не влегува во фолклорот на ДУИ, туку да зборува за проекти

Катерина Ѓуровски