Сириска калуѓерка тврди дека опозицијата манипулира со труповите при хемискиот напад

Од:

Калуѓерка од католичкиот манастирот во околината на Дамаск ја обвини сириската опозиција дека манипулира со жртвите и со труповите од хемискиот напад од 21 август, за политички цели.

Во интервју за Би-Би-Си,Мајка Агнеза,раководител на манастирот,тврди дека активисти на сириската опозиција,која војува за да го тргне од власт претседателот Башар ал Асад „извршиле фабрикација на видео снимките“,што потоа ги раширија низ светот,инсистирајки на огромниот број убиени цивили,меѓу кои и многу деца.

Видео снимките предизвика вознемиреност во меѓународната заедница и послужија како доказ за да се обвини режимот на Асад за „тешкото злосторство врз сопствениот народ“.

Во прилог на ваквото обвинување оди и експертското тврдење дека во инцидентот од 21 август има голем број жртви на неколку различни локации,па дека тоа може да го предизвика само режимот“ за кој се знае дека поседува хемиско оружје.

Мајка Агнеза,меѓутоа,вели дека и таа детално ги анализирала видео снимките и при тоа открила дека едни исти трупови се прикажуваат на разни локации.Таа посебно го посочува трупот на едно исто умрено дете кое е снимено на неколку видео снимки,направени на различни локации.

– Токму видео снимките покажуваат дека има манупулации со труповите,за да има доказ,инаку зашто би преселувале лешеви од една на друга локација, забележува католичката калуѓерка.

Тврдењето на Мајка Агнеза е меѓу доказите кои рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му ги испрати на американскиот државен секретар Џон Кери,по изјавата на Москва дека хемискиот напад е провокација на сириската опозиција.

Претставник на Хјуман Рајтс Воч ги отфрли објаснувањата на сириската калуѓерка,инсистирајќи дека „нема никаква основа да се тврди такво нешто“, но и дисквалификувајќи го нејзиното толкување,зашто таа „ не е експерт за анализа на видео снимки“.

Мајка Агнеза е Либанка по потекло,но со години живее во Сирија.Таа претходно прва предупреди на злосторствата на исламистите во редовите на сириските бунтовници кои ги обвини дека сакаат од земјата да создадат исламистичка држава,во која ќе нема место за христијаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети