Што вели Украина на планот на Трамп за преговори

Од:

Пристигнаа првите реакции на изјавите на Трамп од Украина. Во изјавата што ја пренесоа украинските медиуми, министерот за одбрана Рустем Умеров истакна дека Киев не го променил ставот за членството во НАТО. Мора да се навикнеме на секакви изјави“, рече Умеров. „Нашиот став останува непроменет. Сакаме да бидеме членка на НАТО. Ќе бидеме членка на НАТО“, додаде тој.

Украинската пратеничка Кира Рудик изјави за Би-Би-Си дека е загрижена за разговорот на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи крајот на изолацијата на Путин создава илузија дека Путин сака мир. „Како можеме да знаеме дека Путин навистина сака мир и сака да преговара? – праша Рудик. „А кој ќе се погрижи Путин да го одржи својот дел на договорот?

На прашањето дали може да замисли момент кога Украина ќе се согласи на договор со кој ќе и отстапи дел од нејзината територија на Русија, Рудик јасно одговори: „Нема да се откажеме од нашите територии. Сепак, можеби, како што рече претседателот Зеленски, ќе ја одложиме нашата цел да ги вратиме“.

На прашањето дали може да замисли ситуација во која украинскиот претседател ќе седне на преговарачка маса со Путин, Рудик рече: „Тој не смее да биде сам на таа маса… мора да биде придружуван од европските лидери и, се надеваме, претседателот Трамп, во спротивно преговорите нема да имаат резултат“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Масовни протести на Американците против Трамп

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас