Цената на златото расте до рекордни нивоа, а побарувачката е најголема од страна на најголемите економии, како САД.
Во колумна насловена „ Сите лаги за рудниците (3): Златото, рудниците и вистината што ни ја кријат“ аналитичарот и рударски инженер Виктор Грозданов прашува што прави Македонија со своите рудни богатства?
„Во Македонија, законот за минерални суровини е скроен на начин што оневозможува развој на нови рударски капацитети преку модерни технологии. Оваа измена, која беше изгласана во Собранието, внесува нестабилност за потенцијалните инвеститори и ја оддалечува Македонија од економските придобивки кои можат да се реализираат преку паметно управување со рудните богатства. Современите технологии овозможуваат екстракција на злато со различни методи како што се хлоридни, цијанидни и тиосулфатни раствори. Примената на нови, еколошки методи, како што е тиосулфатната постапка, може да биде клучот за развој на оваа индустрија во Македонија. Што треба да направи Македонија? Македонија мора да се фокусира на паметно искористување на своите ресурси, без да дозволи манипулации од страна на политички и економски интереси, како онаа група лажни еко активисти, кои работат против националниот развој“, пишува Грозданов во колумната.
Со модерни методи за екстракција, Македонија може да го развие рударството без еколошки ризици. Но, наместо поддршка за иновации, се соочуваме со кампањи на дезинформации и политички притисоци, смета Грозданов.
„Наместо да се дозволи политичка и економска манипулација, неопходно е да се работи на јасни стратегии кои ќе овозможат одржлив и профитабилен развој за доброто на сите. Науката и научниците во Македонија знаат како може ова да се постигне и нив треба да ги слушаат оние кои ги носат одлуките!“, се вели во колумната на Грозданов.
Според Грозданов, одговорот како Македонија ќе го искористи своето рудно богатство е во рацете на оние што носат одлуки – но и во јавноста, која мора да побара вистински, научно поткрепени решенија