(ВИДЕО) Цариникот не го препозна Меси на пасошка контрола, неговата реакција е хит на социјалните мрежи

Од:

Фудбалерите на Интер Мајами беа на мини турнеја низ Јужна и Централна Америка каде одиграа неколку пријателски натпревари во Перу, Панама и Хондурас, а во таа прилика при минување на пасошката контрола беше снимена интересна сцена.

Додека граничен цариник ги гледа пасошите и ги контролира фудбалерите, пред себе има список, па ги пропушта врз основа на нивните патни исправи.

Во еден момент пред него излезе Лионел Меси и му го даде пасошот. Цариникот веднаш не сфати кој е пред него, а не го ни погледна. Дури по неколку секунди сфати дека тоа е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Цариникот веднаш отиде на местото кое очигледно го подготвил, некој му подава фудбалска топка, а тој побара автограм. Меси му ја исполни желбата и му даде потпис кој веројатно ќе биде спомен за цел живот.

Поради условите за живот и сиромаштијата во земјите од Централна Америка, овој автограм на топката може да биде добра можност за заработка.

Би можело да ве интересира

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он

Билетите за „последното танго“ на Меси за Аргентина распродадени за два часа

А1он