Медведев: „Глупост“ е предлогот на Киев за размена на делови од руската територија

Од:

Дмитри Медведев, заменик-претседател на моќниот руски Совет за безбедност, го отфрли како „глупост“ предлогот на Киев за размена на делови од руската територија што ја држи за делови од Украина под контрола на Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека планира да и понуди на Русија директна размена на територија за да се стави крај на војната.

Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, рече дека Русија покажала дека може да постигне „мир преку сила“, вклучително и нападите со беспилотни летала и ракети што го погодија Киев во средата. Русија контролира нешто помалку од 20 отсто од Украина, или повеќе од 112.000 квадратни километри, додека Украина контролира околу 450 квадратни километри од западниот руски регион Курск, според картите на бојното поле.

Да потсетиме, Зеленски вчера изјави дека планира на Русија да и понуди територијална размена во преговорите, односно да се откаже од земјиштето што го чува Киев во руската област Курск.

„Ќе размениме една територија за друга“, рече тој, но додаде дека не знае кој дел од окупираната територија Украина ќе побара за возврат.

„Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритети“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците

Трамп: „Зеленски, престани“