ВИДЕО: Мицкоски очекувал полош извештај за корупцијата во земјава

Од:

Падот од два индексни поени на Македонија во извештајот на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата за 2024 година, за премиерот Христијан Мицкоски е очекуван, а извештајот претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме, ќе бидеме подобри или полоши и основа за подобрување на позицијата.


Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција по потпишувањето на договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW, претседателот на Владата рече дека извештајот е логичен и оти сите критериуми во Извештајот биле во период на претходната влада.

– Логичен е тој извештај и добро е што е само два индексни поени. Мислев дека е повеќе после сите злоупотреби на европско знаме, коруптивни скандали кои беа во периодот на минатата влада. Ако ги забележите сите седум критериуми, ќе видите дека сите се однесуваат за периодот кога е претходната влада. Детално го изанализирав и тоа е добра основа од каде што сега ќе можеме да почнеме да ја подобруваме нашата позиција, истакна Мицкоски.

Најави дека на денешната Владина седница ќе го задолжи ресорниот министер, јасно да ги детектира слабостите и во иднина да не се повторуваат.

– Нема да ни се повтори повеќе „Соравија“ во центар на Скопје, измени на Кривичен законик со злоупотреба на европско знаме, ниту бентли, „астон-мартин“ и „ролс – ројс“ автомобили на блиски роднини на нашите семејства. Нема да ни се повторат наместени тендери, парцели за фотонапонски централи на високи владини функционери…, Тоа е нотирано во овој извештај и за нас претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме или ќе бидеме полоши, нагласи Мицкоски.

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на земјава во однос на минатата, рангирајќи ја на 88 позиција од вкупно 180 држави и ја дели со Казахстан, Суринам и Виетнам.

Би можело да ве интересира

Син ми Антонио беше жртва на труењето во „Димо Хаџи Димов, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Уставен суд и Кацарска го укинаа линеарното зголемување на пензиите, над 70 проценти од пензионерите ќе земат помала пензија

Мицкоски: Нема да има нови ресори во Владата, ВРЕДИ нема да добие човек плус

А1он

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години, што посебно радува

Се прави естрада, не треба да се посветува внимание, Мицкоски за случајот „Аца Лукас“

(ВИДЕО) Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Катерина Ѓуровски