Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос.

– Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно викање за помош, осомничениот излегол од возилото каде го извршил нападот и побегнал, се појаснува во соопштението.

Се додава дека бидејќи постојат околности што укажуваат дека доколку осомничениот се остави да се брани од слобода ќе се даде во бегство или пак ќе се крие, со што ќе биде недостапен на органите на прогонот, но и со оглед на тоа дека постојат особени околности кои укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведокот-оштетена или дека ќе го ќе го повтори или доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Македонско-бугарска банда кримчарела луксузни автомобили во земјава

Катерина Ѓуровски

Скопјанец пријави дека 18 годишник ја обљуби неговата малолетна ќерка

А1он

Обезбедувач во Загреб силувал азилантка од Киргистан

Во дворот во куќа во Ајватовци садел канабис, во спалната имал комора за сушење

Катерина Ѓуровски

Обвинителството ги проверува причините за пожарот и складирањето на отпадот, увидот е во отежнати услови

Увидот за причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре, Обвинителство бара и продолжување на притворот за нови 48 часа на четворицата опфатени во постапката