Нема намера да оди во пензија – Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср

Од:

Фудбалерот на Ал Наср, португалскиот ас Кристијано Роналдо продолжува да испорачува одлични партии и покрај тоа што неодамна наполни 40 години.

Славниот Португалец очигледно има намера да продолжи да ги тресе мрежите во дресот на тимот од Ријад, откако потпиша нов договор со Ал Наср.

Роналдо потпиша договор со Ал Наср на 1+1 година.

Кристијано се уште има одличен голгетерски учинок, на 26 одиграни натпревари оваа сезона има постигнато дури 24 гола.

Моментно е на 924 постигнати голови во кариерата.

Информации за продолжување на соработката објавија тамошните медиуми, а се очекува самиот клуб да ги официјализира деталите од новиот договор.

Би можело да ве интересира

Дојде во клубот за 77 милиони евра, а поради девојката на тренинг секој ден ќе патува со авион

А1он

Кристијано Роналдо слави 40. роденден – честитките од Реал Мадрид и Спортинг ќе го воодушеват

А1он

Брајтон им објасни на Арапите како стојат работите – не го даваат Јапонецот за 65 милиони долари

А1он

Португалија во оптек ќе пушти монети од 7 евра

А1он

Роналдо сака да стигне до бројка од 1.000 гола, но има уште нешто што повеќе го мотивира

А1он

ВИДЕО: Роналдо во солзи, неутешен по поразот во Купот на кралот