Во Косово во 19 часот се затворени гласачките места за изборите за Собрание.
Право на глас имаа 2.075.868 гласачи, од кои 104.924 беа регистрирани за гласање надвор од Koсово.
На изборите учествуваа 28 политички субјекти со 1.280 кандидати кои се натпреваруваа за 120 пратенички места. Од тие 120 места, 10 се резервирани за Срби.