Саудиска Арабија ја отфрли изјавата на Нетанјаху за раселување на Палестинците од Газа

Од:

Саудиска Арабија потврдува дека категорично ја отфрла изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за раселувањето на Палестинците од Појасот Газа, соопшти утрово саудиското Министерство за надворешни работи.

Израелските власти предложија формирање на палестинска држава на саудиска територија.

Во интервју за израелскиот канал 14, Нетанјаху по грешка рече „Саудиска држава“ наместо „Палестинска држава“ додека одговараше на новинарско прашање, пред да се поправи, објави Ројтерс.

Египет и Јордан, исто така, ги осудија израелските предлози, при што Каиро рече дека ја смета идејата за „директно кршење на суверенитетот на Саудиска Арабија“.

Портпаролот на јорданското Министерство за надворешни работи Суфиан Куда рече дека коментарите на Нетанјаху претставуваат „флагрантно кршење на меѓународното право“ и ја потврдија „целосната поддршка и солидарност на Јордан со Саудиска Арабија“, објави Ал Џезира.

Саудиска Арабија рече дека го цени тоа што „братски“ земји ја отфрлија изјавата на Нетанјаху.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека САД ќе го „преземат Појасот Газа“ од Израел и ќе го претворат во „Ривиера на Блискиот Исток“ откако ќе ги преселат Палестинците на друго место.

Арапските држави остро ги осудија коментарите на Трамп.

Трамп изјави дека Саудиска Арабија не бара формирање на палестинска држава како услов за нормализирање на односите со Израел.

Сепак, официјален Ријад го отфрли ова, наведувајќи дека нема да ги нормализира односите со Израел без формирање на палестинска држава.

Би можело да ве интересира

Девет Палестинци починаа од глад во последните 24 часа

Горан Наумовски

Жена од Израел планирала атентат врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Најмалку 43 Палестинци убиени во израелски напади низ Појасот Газа

Убиени се десетици Палестинци кои чекаа хуманитарна помош во Газа

Нетанјаху заврши на инфузија поради труење со храна

А1он

Помошник на Нетанјаху обвинет за издавање на доверливи воени информации