Оли Рен ја повика Италија да постигне политичка стабилност во интерес на цела Европа

Од:

Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен денеска ја повика Италија да ја обнови својата политичка стабилност, нагласувајќи дека „на маса е ставена“ и иднината на Европа, јави ДПА.

– Италија е трета по големина економија во еврозоната и влијанието од тоа што се случува во неа не завршува до нејзините граници, рече Рен во обраќањето пред Евро-американскиот прес-клуб во Париз.

Напредокот или немањето напредок, постигнувањата или немањето постигнувања на Италија се „исто така, и постигања или слабости на Европа“, дополни еврокомесарот.

– Сакам да изразам силна надеж дека Италија ќе се врати кон политичка стабилност што е можно побрзо, за да може да донесе многу важни одлуки, неопходни за обновување на растот и вработувањата, забележа Оли Рен.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски