Од почит за Фросина и за Миле, Неготино ги откажа забавно-музичките настани

Од:

Откажани се сите забавно-музички настани во Неготино, „Свети Трифун“ ќе се одбележи скромно, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Оттаму појаснија за МИА дека Општината се одлучила на ваков чекор, заради почитта кон двајцата сограѓани – Фросина Кулакова, која загина на „Партизанска“ во Скопје и Миле Тодоров, по кој се трага со денови.

– Имајќи ја предвид сензитивноста на моментот во кој се одвива секојдневието на Неготино и неговите граѓани и пошироко во Македонија, Општина Неготино како организатор на манифестацијата, ја информира јавноста дека се откажани сите предвидени забавно-музички активности во рамките на манифестацијата, со која се одбележува празникот на лозарите и винарите, „Свети Трифун“, соопштија од Службата за информирање.

Според програма што ќе се одвива од среда до петок, кога на градскиот плоштад се одржува централниот настан, ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии на индивидуални производители, традиционалната изложба на Здружението на граѓани „Стари занаети“, доделување награди на најдобрите производители на вина и ракии, доделување награди по распишаниот ликовен и литературен конкурс во трите училишта од градот и базар на ракотворби што ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за подигнување на сообраќајната свест на учесниците во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Поднесено обвинение и за таткото на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина

Покренато обвинение против Васил Јованов кој на „Партизанска“ во Скопје ја усмрти Фросина Кулакова

Горан Наумовски