Трамп денеска ќе потпише извршна наредба за санкционирање на Меѓународниот кривичен суд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна наредба со која ќе се санкционира Меѓународниот кривичен суд (МКС) за напади врз САД и нивните сојузници, како што е Израел, изјави претставник на Белата куќа.

Наредбата ќе воведе финансиски и визни санкции за поединци и членови на нивните семејства кои помагаат во истрагите на МКС против американски државјани или сојузници на САД, рече претставникот, пренесе Ројтерс.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана на земјата Јоав Галант.

Би можело да ве интересира

Зеленски е подготвен за средба со Путин со посредство на Трамп

Велика Британија е подготвена за секое сценарио за време на посетата на Трамп

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

(ВИДЕО) Трамп: Украина е во сериозна неволја

Трамп: Нема да дозволам криминалот да се врати во Вашингтон

Трамп почна да ги лови непријателите на Путин за екстремизам и организиран криминал