Слуцки: 100 отсто наскоро ќе има средба Трамп-Путин

Од:

Веројатноста да се сретнат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп е 100 отсто, а средбата ќе се одржи наскоро, изјави денеска шефот на Комитетот за меѓународни прашања на руската Државна дума Леонид Слуцки.

„Веројатноста за овие контакти е 100 проценти, лидерите на двете најголеми сили на планетата треба да соработуваат меѓусебно во блиска иднина“, рече Слуцки, пренесе РИА.

Слуцки додаде дека мора да се воспостават контакти, и дека не треба да има „изненадувања“.

„Работата на ова бара сериозна подготовка, која, нема да оддавам тајна, е во напредна фаза“, рече Слуцки.

Тој смета дека наскоро ќе има попрецизни информации за средбата, за кои оцени дека ќе има „конструктивни последици“.

„За најитните, актуелни прашања на светската политика. За Украина, Блискиот Исток“, рече тој.

Тој рече дека нема потреба да се погодува кога ќе се одржат средбите.

„Февруари или март, да не играме игри со погодување и да им дадеме шанса на лидерите сеопфатно да се подготват за тоа, но тоа ќе биде наскоро“, рече Слуцки.

Би можело да ве интересира

Белата куќа тврди: Трамп има срце на хуманитарец и требаше да ја добие Нобеловата награда за мир

Горан Наумовски

Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија

Трамп и се закани на Шпанија со исклучување од НАТО

Зеленски: Трамп заслужува Нобелова награда ако донесе мир во светот и украинскиот народ

Националната гарда маршира во Чикаго по наредба на Трамп

Трамп: Ја завршивме војната во Газа