(ВИДЕО) Костовски: Власта удира по стандардот на народот, граѓани се жалат за огромните сметки за стуја

Од:

Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за струја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци, изјави Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

– Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките. Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20% а некаде дури и за 30%. Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец.

Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите. Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја. Власта удира по стандардот на народот, скапотија е на сите страни. Во време на ковид и енергетска криза кога СДСМ беше власт, граѓаните, училишта, претпријатијата болниците, сите добија евтина струја и во ниту еден момент немаше рестрикции.

Дополнително ја вративме и евтината тарифа на струјата. Сега ДПМНЕ укина буквално се и не само што покажа неспособност туку и тотална негрижа за граѓаните. Неспособноста ја плаќа народот, од свој џеб. Граѓаните не можат да врзат крај со крај, покачени сметки за храна, покачени сметки за струја, покачени сметки за парно. Бараме власта веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да им се намалат сметките за струја на граѓаните. СДСМ стои на располагање и има решенија за намалување на цените, едно од нив е интервенција во висината на ДДВ за парно и струја. Прашање е само дали неспособната власт ќе ги прифати, нагласи Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он