Пијан маж (31) завчера околу 15 часот и 40 минути малтретираше граѓани во Чаковец, а потоа ја нападна полицијата, извести полицијата од Меѓумурје.
Во нападот повредени се полицајка и полицаец.
Мажот го нарушуваше јавниот ред и мир во станот, викаше и правеше врева и со своето однесување ги вознемири другите станари. Потоа ја нападна полицијата која дојде по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, објавуваат хрватските медиуми.
Тој без причина ја навредувал полицијата со погрдни зборови, а со употреба на физичка сила бил уапсен, се вели во соопштението на тамошната полиција.
При нанесувањето на средството за врзување, мажот со десната нога удри во стомакот на полицаецот, додека полицајката ја гризна за раката. Бидејќи уапсениот продолжи да дава активен отпор, обидувајќи се да се ослободи, на помош пристигнаа дополнителни полициски службеници.
Мажот е ставен под полициски надзор.
Полицајците побараа преглед во Жупаниската болница – Чаковец, при што е констатирано дека полицајката се здоби со повреда во вид на каснување на десната надлактица, а полицаецот се здоби со модринка на десната рака и зглобот.