Ракот на белите дробови е една од водечките причини за смрт во светот, а најмногу заболуваат пушачите. Поради тоа, доколку навистина не можете да ги оставите цигарите, се препорачуваат некои состојки, кои ќе ви помогнат да ги исчистите белите дробови од никотин.
Пченката содржи бета-криптоксантин, силен антиоксиданс, кој штити од карцином.
Селенот е оксиданс кој може да се најде во разни видови риба, како туна, бакалар и лосос, но и во јагнешкото месо.
Кромидот содржи состојки со антиканцерогено дејство. Кај тие кои имаат рак, го спречува растот на нови ќелии.
Ѓумбирот е уште едно моќно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Можете да пиете и чај од коренот на ѓумбир, со што се олеснува дишењето.
Копривата е богата со железо, но одлично средство е за детоксикација на белите дробови.
Тиквата е уште една овошка, која се препорачува да ја консумираат пушачите.