Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Од:

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска изјави дека иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во Европската унија и повика да се искористи моментумот што постои кога станува збор за проширувањето на ЕУ.

На конференцијата на амбасадорите на ЕУ во Брисел, Кошта нагласи дека „проширувањето е најдобрата геостратешка инвестиција“ во мирот, безбедноста и стабилноста на ЕУ „што сите можеме да ги направиме“.

„Со Украина, Молдавија и шест земји од Западен Балкан. Затоа што нивната иднина е во Европската Унија. Ова докажува дека ЕУ е атрактивна и моќна. Сега имаме нов моментум за проширување, да ги создадеме потребните услови од сите страни да го искористиме тоа“, рече Кошта.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ отколку Западен Балкан

Кошта: Единството на ЕУ е клучно за успехот на мировните преговори за Украина

(ВИДЕО) Мицкоски: во Брисел ги повторивме нашите позиции за Македонија

Кошта: ЕУ го одобри 19-от пакет санкции кон Русија

Фон дер Лајен: Вистинско време за инвестирање во Западен Балкан

Купер: Безбедноста на Западен Балкан придонесува за безбедноста на цела Европа