Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Од:

Додека грчкиот остров Санторини е погоден од земјотрес по земјотрес, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика жителите да останат смирени и „да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита“.

Последниот земјотрес, со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, го погоди брегот на грчкиот остров Санторини, откако од петокот беше регистрирана зголемена сеизмичка активност во областа, што поттикна мерки на претпазливост.

Како што пренесува порталот „Катимерини“, повикувајќи се на грчкиот сеизмолошки институт, земјотресот се случил во 14 часот и 17 минути по локално време на длабочина од околу 5 километри, на околу 18 километри од островот Аморгос.

Повеќе од 200 земјотреси се регистрирани во областа околу грчкиот остров Санторини во изминатите 48 часа, а зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите и научниците, што го натера грчкиот премиер Киријакос Мицотакис да одржи состанок со претставници на надлежните служби.

Би можело да ве интересира

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

ВИДЕО: Санторини продолжува да се тресе, жителите го напуштаат островот

Земјотрес во близина на Закинтос

Земјотрес во Далмација

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он