Мали: Опозицијата сака и веќе го презема протестот од студентите

Од:

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали рече дека студентите имаат 4 барања и дека сите се исполнети.

„Беа принципиелни, имаа 4 барања, не ги менуваа и не навлегоа во политиката. Од друга страна, сега имате политика, политичарите од поранешната власт ги преземаат протестите. Видовте Јовановиќ, Ѓилас, Тепиќ, Лазовиќ, Новата партија на Бјелогрлиќ, имавте изјава од поранешната ректорка дека студентите доволно направиле, сега тие треба да преземат. Ги имавте Иван Ивановиќ, Кесиќ. Тоа соопштение од студентите на Факултетот Филозофијата е дека се принципиелни, но полека и сигурно оние кои сакаат да дојдат на власт преку насилство го преземаат „протестот“, вели Мали.

Тој наведува дека се објавени 260 нови документи, вкупно 16.307 документи се на веб-страницата на Владата.

„Нека го анализираат. Второто барање е исполнето, претседателот потпиша указ за помилување. Третото барање е исполнето, а четвртото барање е зголемување на средствата за високото образование. Излеговме во пресрет и тоа го покажавме преку дијалог. Намалувањето ан школарината е одлична работа, професорите се бунат зашто мислеа дека сето тоа ќе оди на нивните плати. Чекам другата страна да разговара со нас, за да не дојдеме во позиција да се обезбедени парите, а не знаеме како да ио потрошиме“, Мали.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Продолжува студентската блокада на РТС

Горан Наумовски

Пред РТС се скандира „Не лажете“: Голем број студенти и граѓани протестираат пред јавниот сервис

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Почна протестот пред РТС: Студенти пред јавниот сервис порачаа „Не е убаво да се лаже“