А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Хејгл: Буџетската блокада и нанесе тежок удар на довербата во САД

by А1он01/10/2013 - 16:55112
Share0

Престанокот со работа на американската Aдминистрација поради немањето буџетски средства ја нарушува довербата на сојузниците кон САД и тие почнуваат да си поставуваат прашања, изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгл за време на посетата на Јужна Кореја.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ова сериозно го нарушува авторитетот на САД од гледна точка на нивните сојузници. Ова влијае врз нашите мисии низ светот. Ова влијае врз нашите сојузници кои се прашуваат за нашиот ангажман, предупреди Хејгл, непосредно откако беше соопштено дека дел од службите на федералната влада ја прекинуваат работата.

По Јужна Кореја шефот на Пентагон ќе ја посети Јапонија. Неговата турнеја има за цел да го нагласи ангажманот на САД во регионот, по повиците на Сеул упатени до Вашингтон да ги остават јужнокорејските вооружени сили под своја команда за време на војна – пракса која е предвидено да заврши во 2015 година.

Според владејачките конзервативци во Јужна Кореја, американската команда е најдобрата гаранција дека Вашингтон ќе го заштитува Сеул од заканата од страна на Пјонгјанг.

Хејгл денеска уверуваше дека американската армија е способна да ја изврши својата задача во однос на гарантирањето на безбедноста на САД и ќе ги зачува своите сојузи и војници во Јужна Кореја и Јапонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој посочи дека правниците на Пентагон и натаму се обидуваат да најдат решение за зголемувањето на бројот на цивили, кои нема да бидат присилени да земаат неплатен одмор.

До буџетската блокада во САД, првата по 17 години, дојде откако републиканците, кои имаат мнозинствово Претставмничкиот дом, и демократите, кои, пак, го контролираат Сенатот не постигнаа договор за државниот буџетот за новата фискална година, што почна денеска,

– Ова е апсолутно неодговорно и не требаше да се случи, подвлече Хејгл, кој е поранешен сенатор од редовите на Републиканската партија.

sad

Би можело да ве интересира

Трамп го присвои Ормутскиот Теснец како американска територија, Иранците одговорија со промена на мапата на САД

Предраг Петровиќ19/08/2026 - 15:1319/08/2026 - 15:15

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:55

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски19/08/2026 - 07:1319/08/2026 - 07:15

САД: Ирански хакери украле 31,5 терабајти податоци од универзитети и компании

Горан Наумовски19/08/2026 - 07:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео