Итно да се разреши директорката на Клиниката за деца „Козле“, бара СДСМ

Од:

СДСМ бара итно разрешување на Каролина Симовска – директорка на Клиниката за респираторни заболувања кај децата – „Козле“. Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле“, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата и за децата и за вработените. Последен е случајот со докторката Јосифова. Со 27-годиишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот, велат од СДСМ.

„Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка. Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда овозможена од ДПМНЕ. Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи? СДСМ за овие драматично лоши состојби како и за однесувањето на Симовска веќе алармираше но очигледно власта ја штити. Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симовска. На клиниката има и проблеми со неопходни „баскет“ апарати и други материјали. Своеволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи. Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симовска мора веднаш да биде разрешена“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он