Захарова: Сведоци сме на нова бруталност на украинската армија врз цивили во Курск

Од:

Ликвидацијата на цивили во градот Руское Поречноје во областа Курск е уште едно брутално злосторство на украинската армија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Сигурни сме дека сите одговорни ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата“, рече Захарова, повикувајќи ги сите кои имаат какви било информации за овој настан да излезат и да контактираат со руските институции.

Според неа, Русија смета дека е неопходно и исклучително важно континуирано да се зборува за ова злосторство, не само за доброто на населението во регионот Курск, туку и за целиот свет.

„Светот треба да разбере кого спонзорира Западот и што прави режимот во Киев за западните пари, за тие стотици милијарди долари и евра“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Захарова: Киев се уште е опседнат со поразот на Русија

Горан Наумовски

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Зеленски: Офанзивата беше успешна иако повеќето од нашите војници се повлекоа

Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев