Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази уверување дека судирот меѓу американски воен хеликоптер и патнички авион на Американ ерлајнс можел и требало да се спречи.

“Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот. Беше јасна ноќ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре. или надолу, или зошто контролната кула не му кажа на хеликоптерот “Што треба да направи наместо да праша дали го виделе авионот? Ова е лоша ситуација што требаше да се спречи, очигледно, реагираше Трамп.

„Каква страшна ноќ беше ова. Господ да ве благослови сите“, рече Трамп во друга објава.

Американските медиуми се појавија детали за последните моменти пред несреќата. Новинската агенција Асошиетед прес јавува дека еден од контролорите на летање, на помалку од 30 секунди пред судирот, го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп размислува за нови царини

Трамп: Ќе им дадеме пари на имигрантите за да ја напуштат Америка